Москва: Украина има распоредено 15.000 војници на границата со Русија

Рускиот заменик министер за одбрана, Анатолиј Антонов  денеска изјавил дека украинските вооружени сили распоредиле 15 илјади војници во пограничните региони со Русија.

Паралелно со тоа се врши „зголемување на бројот на НАТО војници во Источна Европа“, додал Антонов.

Според него, во услови на актуелната криза во Украина, ваквите активности не помагаат за намалување на тензиите.

– Го повикуваме официјалните претставници на НАТО и Пентагон да се откажат од цинично заблудување на светската јавност во врска со фактичката состојба на нештата во руско-украинската граница, изјави заменикот министер.