МОСТ: Излезноста најголема во ИЕ3, за претседател до 10 часот гласале 9,4 отсто

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите на претседателските избори до 9 часот е 5,25%, додека до 10 часот е 9,4%, информира МОСТ.

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – до 9 часот 5,61%, до 10 часот 10,26%

ИЕ 2 – до 9 часот 5,79%, до 10 часот 9,99%

ИЕ 3 – до 9 часот 7,7%, до 10 часот 13,6%

ИЕ 4 – до 9 часот 7,05%, до 10 часот 12,54%

ИЕ 5 – до 9 часот 5,58%, до 10 часот 10,18%

ИЕ 6 – до 9 часот 3,16%, до 10 часот 5,74%

Излезеноста за претседателските избори, пак, до 10 часот е 9,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.