МОСТ: ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратенички места

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 1.712 набљудувачи, кои покрија над 50% од избирачките места на територијата на Р. Македонија.

Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите одѕивот на гласачките места на претседателските бил 54,35%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,6%. Од важечките ливчиња, за гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:

Ѓорге Иванов – 57,2%

Стево Пендаровски – 42,8%

Одѕивот на парламентарните избори по изборни единици е следен:

ИЕ 1 – 65,45%

ИЕ 2 – 60,87%

ИЕ 3 – 70,51%

ИЕ 4 – 73,04%

ИЕ 5 – 61,28%

ИЕ 6 – 50,31%

Според обработените податоци од ПВТ примерокот, со можност за грешка од +/- 2%, распоредот на мандати е следен:

Изборна единица 1

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 9

Коалиција СДСМ – 7

ДУИ – 3

ДПА – 1

Изборна единица 2

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 10

Коалиција СДСМ – 5

ДУИ – 4

ДПА – 1

Изборна единица 3

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 13

Коалиција СДСМ – 7

Изборна единица 4

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 12

Коалиција СДСМ – 8

Изборна единица 5

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 12

Коалиција СДСМ – 6

ДУИ – 2

Изборна единица 6

ДУИ – 9

ДПА – 5

Коалиција ВМРО ДПМНЕ – 4

Коалиција СДСМ – 1

НДП – 1