Мостот кај Демир Капија оспособен за сообраќај

Оспособен е мостот во Демир Капија за сообраќај, на Р-1102,кој беше затворен поради излевање на вода на мостот од обилните врнежи од дожд, извести АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

фото: srcetonamakedonija.mk