Свет

Мостот на уметноста евакуиран поради „катанците на љубовта“

Мостот на уметноста евакуиран поради „катанците на љубовта“

Мостот на уметноста во Париз е евакуиран во неделата, бидејќи од тежината на илјадници катанци на љубовта кои заљубените посетители од целиот свет ги закачуваат на него, дел од оградата на мостот се срушила.Илјадници заљубни двојки од целиот свет го посетуваат Мостот на уметноста за да ја запечатат својата љубов и на него закачуваат катанци со своите имиња ,а клучот го фрлаат во Сена.

most1Од тежината на катанците, дел од оградата на мостот со должина од околу 2,5 метри се срушил па полицијата ги евакуирала посетителите и го затворила мостот. На лице место пристигнале и официјални лица и еден архитект, а оградата е вратена на местото.Мостот, како што соопшти полицијата денеска ќе биде повторно отворен, пренесува Франс прес.

Мостот на уметноста ги поврзува двата брега на Сена во Париз, пред музејот Лувр.Но, овој обичај им задава главоболка на градските власти на Париз, бидејќи претставува опасност за безбедноста и го нарушува изгледот на мостот.

Катанците се појавија во 2008 година и предизвикаа еуфорија во Германија, Русија и Кина, посебно во Италија