Мостот во Маџари доби ново осветлување

Мостот во населбата Маџари доби ново осветлување. Изминатиов период на овој мост се работеше на поставување на нова електрична инсталација, по што беа поставени шест нови столбови за осветлување.

Со поставувањето на новото осветлувањето на овој мост во населбата Маџари, ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.

На поставувањето на новото осветлување на мостот во Маџари работеа екипите на „Дигитал ДОО Струмица“, а Градот Скопје за овој проект од буџетот издвои 774.000 денари.