Мотела истовремено го откачи Јуве и Милан

Иако, фудбалските медиуми во Италија се убедени дека на неговата адреса веќе пристигнале примамливите понуди кои се испратени од раководните лица на Јувентус и Милан, актуелниот предводник на Фиорентина, Винченцо Монтела потврди дека не планира никаква промена на клупска средина за време на летниот преоден рок.

“Јас како тренер на Милан или Јувентус? Едно е сигурно, јас ќе останам во Фиренца се до тој момент, се додека не добијам информација дека клупските челници на Фиорентина не се задоволни од мојата работа и од постигнатите резултати”, изјави малдиот стручњак.

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони пред неколку дена изјави дека е импресионира од одличната работа на актуелниот тренер на Фиорентина и додаде дека станува збор за прекрасна личност, додека челниците на Јувентус се во потрага по нов тренер откако ја слушнаа сензационалната изјава на актуелниот предводник Антонио Конте, дека е сериозно заинтересиран за промена на клупската средина.