„Motociclismo” сними видео за мото-тури низ Македонија

Mагазинот „Motociclismo”, едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот одбележа 100 годишен јубилеј со патување низ нашата земја.

Директорот на магазинот, Федерико Аливерти ја предводеше групата од дванаесет моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот.

Република Македонија како земја домаќин доби максимална видливост и шанса да достигне  илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и статии на најмалку 40 страници, соопшти  денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, организатор на информативното патување.

„Motociclismo” сними видео за промотивни цели кое се прикажува на нивниот веб-канал и во текот на EICMA (Меѓународерн саем за мотоциклизам во Милано, Италија, со повеќе од 600.000 посетители годишно).

– Македонија ќе има доминантно место со конккурентна мото-тура која очекуваме успешно да се пласира во Италија имајќи предвид дека италијанските туристички агенции се подготвени да ја вклучат во своите каталози. Воедно ќе биде препорачана програма за мото-тура во Македонија која ги опфаќа Скопје, Маврово, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Берово, Кратово и Куманово, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Motociclismo” е водечко списание за мотоциклизам во Италија со месечен тираж од 160.000 примероци. Нивната веб страна има над милион посетители месечно, Фејсбук страна со 270.000 следбеници, а на нивниот You tube канал гостуваат познати личности меѓу кои и шампионот во мотоциклизам Валентино Роси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.