Мотоциклист од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19:25 часот на крстосницата на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ и улицата „Видео Смилевски – Бато“ во Куманово.

Во сообраќајната несреќа учествувал автомобил „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од  29-годишниот Г.М. и мопед „Априлија“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал  М.Ј. (20).

По несреќата, возачот на моторот М.Ј. е хоспитализиран во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот што вчера го извршила екипа на СВР Куманово ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.