Мотоциклист повреден во сообраќајка во Прилеп

Тешка сообраќајка во која настрадал мотоциклист се лучи вчераутро на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Во незгодата, покрај Д.А. (45) од Прилеп кој возел мотоцикл „сузуки“, учествувал и  Д.И. (35) со возило „опел омега“.

Д.А. со скршени ребра е пренесен во Општата болница – Прилеп, каде му е укажана лекарска помош и е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.