Мотоциклист повреди жена на улица „Македонија“

Седумдесетгодишна жена од Данска била прегазена во вторникот попладнето на улица „Македонија“, во строгиот центар на главниот град, информирше во средата Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, 25-годишниот скопјанец Б.Г. управувајќи мотоцикл удрил во жената која се здобила со тешки повреди.

Жената државјанин на Данска со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош е пуштена.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.