Македонија,Крими хроника

Мотоциклисти се судрија во Маџари, двајцата завршија на Ургентен

Мотоциклисти се судрија во Маџари, двајцата завршија на Ургентен

Две млади лица се префрлени на Ургентен по сообраќајката која се случила денеска  во Маџари.

Според првични информации, две лица на возраст од 23 и 24 години се префрлени на Ургентниот центар по тешката сообраќајка која попладнево се случила на улицата Благоја Стефковски во скопско Маџари.

Како што информира полицијата во сообраќајката учествувале два моторцикли управувани од двете повредени лица, автомобил марка Мерцедес и камион кој бил паркиран на улицата.

Едно од момчињата има тешки телесни повреди, одека другото е полесно повредено.