Мотоциклистот Кико на прием во АМС

Денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го прими нашиот најдобар мотоциклист младиот битолчанец Христијан Илиоски Кико. Повод за приемот на нашиот најдобар мотоциклист беше последната победа на Источно Европскиот шампионат во Прилеп, каде ги демонстрираше своите врвни вештини пред домашната публика.
Директорот Спасески му го честиташе големиот успех на Илиовски и истакна дека Македонија е горда што има спортист од ваков калибар.

“Македонија е горда на Христијан и ние како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме со поддршка во делот на развојот на мото-крос спортот во Македонија. Морам да истакнам со поддршката од Општина Прилеп за изградба на мото-крос патекиа свртивме ново поглавје во делот на овој спорт и воедно упативме апел и до другите градоначалници да се вклучат во развојот на мотокрос спортот во останатите општини” – заврши Спасески.

Мотоциклистот Илиоски се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и се заблагодари за поддршката што ја добива од Агенцијата за млади и спорт. Воедно,тој упати апел до големите фирми да се вклучат во делот на финансиската поддршка и да станат дел од тимот на мото клубот “Пелистер” каде вози тој.

Воедно до крајот на Источно Европскиот шампионат има уште една трка која треба да се оддржи на 19 Октомври во Молдавија, а нашиот Кико е на делба на второто место, со што има значителните шанси за освојувањето на првото место и освојувањето на шампионската круна во генерален пласман.