(ВИДЕО) Мотоциклист за влакно ја избегна смртта

Бразилскиот мотоциклист Данило Берто извлече жива глава по падот од својот мотор на легендарната патека „Интерлагос“, избегнувајќи ги тркалата на ривалите со неверојатен рефлекс.

-Бог ме виде и ме спаси. Немав среќа, но беше моја вина-рече Берто по трката за Големата награда во Бразил.

Тој се правдал дека не го возел својот моторцикл, туку друг, па се случило тоа што се случило. Берто, сепак, завршил во болница со скршена нога, каде ќе остане наредните две недели.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.