Крими хроника

Моторџија се бори за живот по судир со автомобил

Моторџија се бори за живот по судир со автомобил

Струмичнец се бори за живот откако бил повреден во судир на мотор и автомобил, вчера на регионалниот пат Струмица-село Куклиш-село Банско, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила во 18 часот кога мотоцикл „априлја“ што го управувал струмичанецот С.С.(23) се судрил со автомобил „хонда“, управуван од П.З. (42) од Струмица.

По несреќата С.С. бил префрелен во Медицински центар Струмица. Поради сериозноста на повредите момчето било префрлено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според лекарите, С.С. се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.