Моторите од СССР се виновни за експлозијата на американската ракета?

Во американската ракета која експлодира пред два дена веднаш по лансирањето, биле вградени два ракетни мотори произведени уште во времето на СССР, кои подоцна биле обновени, пишуваат експертите од таа област.

Моторите АЈ-26 биле произведени во Украина уште во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, а приватната компанија „Аероџет Рокетдајн“ од Сакраменто во Калифорнија поседувала повеќе такви мотори и ги обновувала за потребите на приватната корпорација „Орбитал Сајенсиз“.

Таа корпорација пред два дена во 18 часот и 22 минути по локално време од комерцијалниот центар за лансирање во Вирџинија ја лансирала ракетата „Антарес 130“ која експлодираше и ги уништи залихите и опремата која шо требало да биде испорачана на Меѓународната вселенска станица.