Со малку вештина, прецизна рака, фантазија и креативност, направете од велигденските јајца мали уметнички дела.
Влучете ги и децата во оваа креативна декорација.
Сварете ги јајцата, некои од нив бојадисајте ги во неколку различни бои, а другите оставете ги бели.
На бојадисаните варени јајца искршете ја луспата, отстранете ја и иситнете ја за да добиете мали парченца за креирање на мозаик.
Со помош на течно лепило редете ги парченцата од луспите декорирајќи ги небојадисаните јајца.