Можеби мажите имаат ерекција, но жените имаат експлозија 

Кај мажите сексуалната возбуденост се порепознава по ерекција. А кај жените? Поголемиот дел од луѓето сметаат дека кога жените се возбудени не може никако да се познае, но навистина грешат.

Од моментот кога една жена ќе се возбуди, голем број на работи се случуваат кои може да ги препознае само искусниот љубовник. Всушност, според неколку истражувања е откриено дека ни жените не знаат што се случува со нивното тело кога се сексуално возбудени. Крвните садови се шират и поминува повеќе крв која оди во делот каде што е вагината.

Поради тоа таа набрекнува и се создава вагинален слуз, природен лубрикант кои жените можат да го произведат пред сексот. Потоа набрекнува и ткивото на клиторисот, станува покруто, исто како пенисот, а кога сексуалната тензија е на врвот, клиторисот може да се зголеми и за три пати. Сепак, за многу брзо време се враќа во нормална состојба, па затоа за голем број на луѓе разликата не е видлива.

Покрај сето тоа, грлото на матката омекнува и нервите стануваат многу осетливи, па затоа дури и најнежниот допир може да доведе до вистинска експлозија.

Женската ејакулација е нешто за кое сонуваат голем број на мажи, а и жени. Сепак, секоја жена може да доживее оргазам покрај вистинскиот партнер.