Можен е договор меѓу евро зоната и Атина

Можно е да се постигне договор меѓу евро зоната и Атина за продолжување на финансирањето на Грција, ако сите покажат разум, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скинас пред вонредната седница на министрите за финансии на евро зоната.

Тој наведе дека на вчерашната подготвителна средба во Брисел бил постигнат конструктивен напредок, но оти се уште ништо не е завршено.

Во случај да не биде постигнат договор може да биде организирана европска средба на врвот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази увереност дека ќе биде одобрено барањето на Атина за продолжување на програмата за финансиска помош за половина година. Тој додаде дека Грција ќе направи се што е можно за постигнување на взаемно прифатливо решение на проблемот.

– Тоа емомент за историско решение во интерес на иднината на Европа – посочи Ципрас.