Можен е мировен договор за конфликтот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е можен мировен договор за прекин на конфликтот во Украина.

– Веруваме дека постојат шанси да се постигне договор според последните предлози, изјави тој.

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд вчера имаа средба со рускиот претседател Владимир Путин со кого разговараа за план за прекин на воените дејствија во источна Украина.

– Кризата не може да се реши на воено поле, изјави Лавров додавајќи дека разговорите за прекин на огнот продолжуваат и оти Русија сака ммирно решение кое ќе значи и почитување на интегритетот на украинската територија, јави ДПА.