Можна е масовна зараза со ХИВ во Австралија

Можна е масовна зараза со ХИВ во Австралија

Австралиските здравствени власти денеска повикаа над 11.000 лица да се тестираат поради „можна и многу веројатна“ зараза со ХИВ вирусот. Можна е масовна зараза со ХИВ во Австралија.

Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со ХИВ и хепатитис.

До сега нема докази дека неколкуте детектирани нови случаи на заразени со ХИВ имаат директна врска со интервенциите во стоматолошките ординации, но имало повеќе случаи на заболување од жолтица кои можат да се поврзат со инфицирање при посета на забарски амбуланти.

Медиумите во Австралија денеска шпекулираат дека здравствените власти имаат да кажат многу повеќе во врска со евентуалните последици од запоставувањето на хигиената и правилата за серилизација, бидејки во сегашните изјави на официјалните претставници има доста недореченост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.