Можна „поделба“ на Европа поради кризата на Крим

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со својот чешки колега, Лубомир Заоралек, денеска во Берлин предупреди од опасноста за нова поделба на Европа која може да ја предизвика кризата на Крим.

„Очигледно постои ризик од една нова поделба на Европа… Мора да се види дали тие одлуки и понатаму ќе бидат потребни“, рекол Штајнмаер, мислејќи на можноста од заострување на санкциите против Русија.

Во украинскиот конфликт германската влада верува дека Москва сериозни ги разбира санкциите во врска со прекинот на преговорите за олеснување на визниот режим.