Можна појава на антракс во Бугарија

Во Бугарија постои сомнеж од појава на антракс кај животните.

Во селото Загориче е усмртено едно животно за кое постои сомнеж дека било заболено од антракс.

„Примероци од усмртенрото животно се испратени во Националната лабораторија на 13 август, но се уште нема резултати“, вели директорот на Регионалната дирекција на бугарската Амрнција за храна во Шумен, Катја Рајкинска

Таа информира дека сите останати животни во селото се вакцинирани.

Во Загориче случај на антракс беше регистриран и во јуни 2012 година.