Можна појава на голомразица на патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато во зимски услови, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Снег со слаб интензитет паѓа на Стража, Битола, М.Брод, Плетвар, Пресека, Железнец,Удово и зимски пункт Кула.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци:Гостивар-крак Маврово-Дебар,Тетово-Попова Шапка,Тетово-граничен премин Јажинце, Стража, Дебар-Струга, Буково, Ѓавато, Струга-граничен премин Ќафасан.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.