Можни одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово,

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има во југозападниот дел од државата, а слаби врнежи од снег на Попова Шапка, информира  Автомото сојузот на Македонија во прегледот за состојбата на патиштата до 18 часот вечерва.

Во сила е забраната за движење на тешки товарни возила со носивост од над 7,5 тони на патот Ржаничино – Долно Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, како и забраната за движење, поради свлечиште кај село Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.