Балкан

Можни се казни за Бугарија и Србија поради „Јужен поток“

Можни се казни за Бугарија и Србија поради „Јужен поток“

Европската комисија ја повика Бугарија да ја запре изградбата на гасоводот „Јужен поток“, додавајќи дека не располага со своја полиција ниту во таа земја, ниту во Србија, која би ги следела работите, но дека сепак може да преземе казнени мерки против Софија и Белград, изјави на прес-конференција портпаролот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингерм Марлене Холцнер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со плановите што ги објавија српските власти околу изградбата на гасоводот, пишува МИА.

– Бугарија е дел од ЕУ и затоа започнавме казнена процедура поради „Јужен поток“, според која Софија е повикана да ги почитува сите правила, поврзани со јавните набавки. Побаравме да биде потврдено дали правилата биле почитувани. Согласно започнатата процедура ја повикавме Бугарија да ја запре изградбата. Процедурата продолжува, рече Холцнер.

Таа додаде дека за државите надвор од ЕУ нема такви средства, но откако ќе се почне со работа, тоа прашање може да се постави пред енергетската заедница, која располага со свои сопствени инструменти.

Според неа, со оглед на тоа дека Србија не е во ЕУ, не е потребно таа да се усогласи со правилата на Унијата за внатрешниот пазар.

– Не можеме да го поставиме прашањето пред Европскиот суд, но дали ќе бидат прекршени правилата во енергетиката, ќе стане јасно во подоцнежната фаза, кога гасоводот ќе биде пуштен во употреба, рече портпаролот на Етингер.