Балкан

Можни се предвремени парламентарни избори во Словенија

Можни се предвремени парламентарни избори во Словенија

Словенечката премиерка Аленка Братушек веројатно ќе поднесе оставка на функцијата, откако ги загуби внатрепартиските избори од градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, кој во саботата стана нов лидер на владејачката партија Позитивна Словенија.

Во случај Братушек да поднесе оставка, Словенија може да очекува предвремени избори, пишуваат локалните медиуми, остро критикувајќи го Јанковиќ за последните настани.

Јанковиќ е критикуван од медиумите дека го игнорирал фактот оти неговата амбиција да ја преземе Позитивна Словенија и да ја отстрани Братушек од раководството на партијата, ќе ја дестабилизира Словенија.

Според љубљанскиот весник „Дело“, Братушек ќе разговара со претседателот Борут Пахор во вторник за идните чекори по отстранувањето од нејзината лидерска функција во партијата.