Можни врнежи и грмежи до крајот на денот

Времето до крајот на денот ќе биде променливо и нестабилно облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. И во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во јужните делови.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вкупните врнежи на места ќе бидат над 25 литри на метар квадратен.

Околу пладне како и во попладневните часови Македонија беше под влијание на влажна и посвежа воздушна маса која се спушташе од запад и северозапад и предизвика нестабилност, на повеќе места со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.