Можно е Ди Мариа да остане на Сантијаго Бернабеу

И покрај постојаните шпекулации дека ќе биде продаден на најбогатиот клуб од Франција, ПСЖ, предводникот на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), Карло Анчелоти изјави дека е можно аргентинскиот интернационалец, Анхел ди Мариа и во новата клупска сезона да го носи дресот на “кралскиот клуб”.

Крилниот напаѓач веќе подолг временски период важи за најголема желба на популарните “светци”, но клубот од Париз не сака да прифати и исплати побараното обештетување од 60 мил. евра.
“Ди Мариа се уште е фудбалер на Реал (М). Точно дека во новата сезона ќе имаме многу поголема конкуренција за секоја позиција во првиот тим. Ди Мариа доби сериозна конкуренција во Тони Крос и во Џејмс Родригез, но конкуренција има во сите големи клубови. Сите опции се во игра, но и таа Ди Мариа да остане на “Сантијаго Бернабеу”, изјави трофејниот италијански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.