Можно излевање на реката Брегалница, надлежните на готовс

Од општина Штип ги известуваат жителите долж течението на река Брегалница во штипско, дека претстои зголемување на водостојот на река Брегалница.

Во моментов од браната Калиманци се испуштаат 30м/3 вода, но постои дотек од 198 м/3, со што постои сериозна можност за прелевање.

Делови од Кочанско веќе се поплавени, а бранот се движи долж течението на Брегалница и кон Штип.

Се предупредуваат жителите во Чардаклија, Караорман, 8.ми Ноември и Ново Село да бидат внимателни бидејќи е можно излевање на река Брегалница.

Општина Штип во координација со ЦУК, Владата и градоначалниците од регионот преземаат мерки за заштита на населението и имотите од излевање на Брегалница во штипско.

Се очекува итна седница на кризниот штаб. Водостојот во коритото на река Отиња во Штип се намалува, но се уште постои опасност од надоаѓање на вода.