Можно повторно воведување на гранични контроли

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл Лајтнер смета дека е возможно повторно воведување на гранична контрола за да се сопре бранот бегалци кон Австрија.

Таа изрази разбирање за барањето на премиерот на германската покраина Баварија, Хорст Зехофер.

Зехофер во германскиот весник „Билд“ побара воведување на граничните контроли за да се сопре бранот на бегалци, пред се од Италија.

Тој ја префрли вината на италијанската влада дека го крши Шенгенскиот договор со тоа што ги проследува бегалците преку Австрија и Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.