Можно привремено ослободување на Шешељ

Хашкиот трибунал денеска побара од владите на Холандија и на Србија до 18 часот, да се изјаснат за можното привремено пуштање на слобода на обвинетиот Воислав Шешељ, поради влошување на неговата здравствената состојба.

Трибуналот од Владата на Србија побара да гарантира дека обвинетиот нема да стапи во контакт со сведоците или жртвите и дека Шешељ ќе се врати под надзор на Меѓународниот суд во Хаг штом тоа ќе го нареди Судскиот совет.