Можно затворање на борделите за секс со животни во Данска

Во Данска каде содомијата е дозволена постојат „Бордели“ во кои луѓето можат да имаат сексуални односи со животни. Нејчесто станува збор за штали во внатрешноста на земјата во кои доаѓаат Холанѓани, Британци, Германци, Швеѓани, како и Данци од Копенхаген.

Секс со коњ 170 евра

Мажите и жените најпрво ги разгледуваат шталите, а потоа секој од нив за 170 евра може да има сексуален однос со коњ. На овој туризам, кој знае многумина да шокира, наскоро може да му дојде крај.

Како што пишува германскиот „Велт“, данската народна партија веќе неколку пати бара забрана за содомијата, но не наишла на потпора кај останатите партии. Никој не сака да ја поддржи оваа иницијатива на десните популисти, но можно е сепак да се предомислат поради „гласот на народот“. Според последните анкети, тројца од четворица данцисе за забрана на содомијата.

„Политичарите во минатото ја избегнуваа оваа теми. Либерална Данска по тоа прашање го наметна правото луѓето сами да одлучуваат. Поготово поради тоа што во 2006 година претседателот на данскиот етнички совет за животни објави студија во која некои животни наводно уживаат во секс со луѓе. Освен тоа, содомијата не е приоритет во изборната програма бидејќи властите се праша од правниот хаос кој може да настане“, пишува „Велт“.

Земја на апсурди: Забранет е секс со пит бул, а секс со овчарско куќе не

Данска е земја полна со апсурди. Во неа е забрането секс со пит бул, но не и снимање на секс со овчарско куче. Барем не додека животното не е повредено.

Германија минатата година ја забрани содомијата

Содомијата во Германија била дозволена 40 години. Властите попуштиле дури во 2013 година под притисок на луѓето кои се борат за правата на животните кои го прифатија законот со кој се забранува содомијата.