Можност да работите за НАСА: „NASA Space Apps Challenge” по трет пат во Македонија

На најголемиот интернационален хакатон во светот во организација на НАСА „Space Apps Challenge 2015“ учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената. Овојпат Скопје претставува лидер во регионот, но и во Европа, и токму поради оваа причина НАСА одлучи градот Скопје да биде координатор на сите настани во Европа.

Хакатонот по трет пат се организира во Скопје, а за прв пат во уште три локации Битола, Охрид и Тетово.

Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.

Учесницитеќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат  претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

Секој може да земе учество во настанот и да го сподели своето искуство, знаење  и вештини во тимот. Учесниците ќе имаат пристап до open source материјали кои ќе бидат приложени директно од  НАСА.

Не двоумете се и пријавете се на настанот со клик тука.

Учеството на Македонија на натпреварот е уште еден доказ дека нашата земја има развоено информатичко општество  и постојано работи на продуцирање на млади кадри.