Можноста за инвестирање во Македонија претставена пред делегацијата на Индија

Министерот за странски инвестиции Џери Наумофф, за време на посетата на Солун на 79тиот Меѓународен Трговски Саем, на 10ти Септември се сретна со грчкиот министер Јоргос Орфанос .

Двајцата министри имаа единствена можност да ги споделат своите перспективи за зајакнување на билатералната соработка во економската сфера.

По средбата, министерот Наумофф потврди дека неговото присуство во Солун е во рамките на развивање на пријателски односи со бизнис лидери во Грција.

“Ние сме во потрага по начини да им помогне на двете земји да се подобрат економските односи базирани на доверба и сигурност”, истакна министерот Наумофф.

Според министерот Наумофф, двете страни се согласија дека ова беше позитивна дискусија во добрососедски дух со надежи за заемна соработка во делот на туризмот, трговијата и останати идни бизнис инвестиции.

Министерот Наумофф ги презентираше можностите за бизнис во Македонија и пред членовите на Федерацијата на извозници на Северна Грција Исто така македонската бизнис клима беше претставена и пред бизнис делегација од Њу Делхи, Индија.

Посетата на министерот Наумофф заврши со состанок со директорот на италијанско-грчката стопанската комора кој се согласи да ја посети Македонија во врска со потенцијални бизнис проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.