Можностите за инвестирање поблизу до бизнисмените од Питсбург

Eкономски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и  директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата на Питсбург.

Во рамки на посетата на Питсбург, ќе биде одржан и настан во соработка со организацијата Глобал Питсбург, каде ќе учествуваат претставници на компании од областа на Питсбург кои се заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија.

Планирани се и директни средби со неколку глобални компании кои имат централи во овој регион. Имено, договорени се средби со менаџментот на неколку компании  од металопреработувачката индустрија, автомобилската индустрија како и од индустријата за производство на високо квалитетна заштитна опрема при работа, каде ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање на странските компании, како и за условите во технолошко индустриските развојни зони.

Следен град за посета на агендата на економскиот тим е Јангстаун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.