Можностите за инвестирање во Македонија претставени во Њујорк

Владина делегација, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска учествува на бизнис форум во Њујорк.

Бизнис форумот е организиран во соработка со магазинот Форбс и претставува одлична можност за претставување на условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Пешевски.

Во состав на владината делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.