Можностите за вработување пред граѓаните на Валандово и Радовиш

Со цел подобро информирање на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи за прашања поврзани со дејноста на Агенцијата за вработување на Република Македонија, се реализира активноста „Отворени денови со Агенцијата за вработување“, во просториите на подрачните центри за вработување.

Денеска Отворени денови со АВРМ  ќе има во Валандово (10 часот) и Радовиш (14 часот) каде што е најавено присуство на директорот на АВРМ Влатко Поповски.

Со активностите на АВРМ во среда ќе се запознаат и штипјани, а во петок охриѓани.