Можна е средба помеѓу Ердоган и Путин

Во вчерашниот телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган разговарале за можноста да се сретнат, информира Кремљ, пренесува „Раша Тудеј“.

Ова ќе биде нивна прва тет-а-тет средба по заладувањето на односите меѓу Москва и Анкара по соборувањето на рускиот авион над Сирија.

Телефонскиот разговор којшто траел околу 40 минути според изворите бил прв по инцидентот од ноември минатата година. Рускиот пилот беше застрелан додека слетувал со падобран на земјата, а еден маринец бил убиен за време на спасувачката мисија за преживеаниот копилот.

Според Путин овој чин беше „заривање нож во грб“ по што Русија воведе економски санкции кон Турција со што беше ограничен увозот на земјоделски производи и туризмот.

Во понделеник, Ердоган прати писмо до Путин со кое изрази жал и сочувство до семејството на починатиот руски пилот и рече дека му е жал.

Во ова писмо, турскиот претседател рече дека Русија е пријател и стратешки партнер на Русија со кого Турција не сака да ги расипе односите.