Можна истрага против издавачот на „Мојата борба“

Германското јавно обвинителство разгледува дали да покрене обвинение против издавачот кој најави издавање на печатена верзија на нацистичкиот манифест на Адолф Хитлер, „Мојата борба“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, издавањето на книгата без објаснувања за штетноста на тезите содржани во неа, се смета за нелегално според законот за спречување на расна омраза.

Германските медиуми пренесуваат дека Јавното обвинителство се уште истражува дали да покрене обвинение против издавачката куќа „Дер Шелм“ од Лајпциг, некогашен дел од источна Германија.

Издавачот преку интернет веќе прима нарачки за оваа верзија на книгата.

Во јануари годинава „Мојата борба“ беше прв пат реиздадена по 70 години, но покрај оригиналниот текст таа содржеше и дообјаснувања  со цел на новите генерации да им се укаже на штетноста на идеите на Хитлeр, кои доводоа до Холокаустот и смрт на десетици милиони луѓе во текот на Втората светска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.