Можни ли се афтершокови по утринскиот земјотрес

По минатогодишната серија земјотреси што ја погоди македонската престолнина, се поставува прашањето дали следуваат афтершокови по земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала кој беше почувствуван неделата изутрината во 4,8 часот и минути во Скопје и околината.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

По земјотресот во септември минатата година со магнитуда од 5,3 степени, земјотресот од утринава е втор по јачина. Три афтершокови со помала јачина следеа во септември минатата година по силниот земјотрес.

Сеизмолозите коментираат дека нормално е да има афтершокова активност на послаби земјотреси по потресот од утринава со магнитуда од 4,2 степени. Сепак, не може да се каже дали има опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес, по последниот потрес.

Малите потреси може да траат со месеци, коментираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Сеизмолозите тврдат дека афтершоковите претставуваат празнења на енергијата што се насобрала во земјата по земјотресите и понекогаш за да се испразни таа енергија, потребно е и до две години. Афтершоковите зависат од тоа колкава енергија останала заробена во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.