недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Можни предвремени парламентарни избори во Србија

Вучиќ: Хашкиот трибунал треба да научи да ја почитува Србија

Вучиќ: Хашкиот трибунал треба да научи да ја почитува Србија

Последни вести

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска свика седница на раководството на неговата Српска напредна партија (СНС), на која, според партиски извори, ќе побара да му биде овозможено да свика предвремени парламентарни избори и пред одржувањето на Конгресот на партијата, закажан за 13 февруари.

Како што јавуваат медиумите од Белград, седницата на раководството на СНС Вучиќ ја свикал за 17. јануари, пренесува МИА.

Најавите за можни предвремени парламентарни избори во Србија доаѓаат откако пред неколку дена беше српското државно раководство беше исвиркано на отворањето на Европското ватерполо првенство во Белград.

Ова е втор пат во последниве неколку месеци Вучиќ да најавува можност за одржување предвремни избори, на кои се очекува убедлива победа на коалицијата предводена од неговата СНС.

По исвиркувањето на државниот врв, Вучиќ вчера најави дека планира да разговара со своите советници за можноста за распишување предвремени избори.

– Таму имаше од 500 до 1.000 лица, кои ги сметам за хулигани, кои сакаа да направат политични настан. Ќе им го овозможам она што го сакаа и ќе има уште поголем политички настан. Гледам дека сите сакаат предвремени избори и велат дека Владата работи лошо. Тогаш народот нека избере некој подобар, изјави Вучиќ осврнувајќи се на исвиркувањето на државниот врв.

Најчитани вести