Балкан

Можно е Грција да добие нови 12 милијарди евра

Можно е Грција да добие нови 12 милијарди евра

Можно е Грција до утре да постигне спогодба со кредиторите за мерките за штедење и реформите, за кои земјата да добие 12 милијарди евра од меѓународниот спасувачки план, информираат грчките медиуми, пренесува МИА.

Владиниот совет за економска политика проценил дека се присутни сите околности да може спогодбата да се склучи и кредиторите да ги деблокираат очекуваните средства, од кои 10 милијарди ќе се оделат за рекапитализација на грчките банки.

Се очекува во недела Европската работна група да одржи телеконференциска врска, на која ќе биде дадено зелено светло за префрлање на траншата од 12 милијарди евра.

Меѓународните кредитори поставија доста тешки очекувања од властите во Грција, кои требаше да го прифатат пакетот со сериозни реформи во замена за доделување на парите.

Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас презеде ангажман да ги спроведе реформите што ги бараат кредиторите. Приоритет им се дава на реформите во државната управа, здравството, образованието и на мерките за борба со корупцијата, на проблемот со лошите банкарски кредити, а, исто така, и на даночните и пензиските измени, против кои вчера штрајкуваа иладници Грци.