Можно е Стоилов да ја избегне операцијата – лекарите ќе се обидат со терапија

Проблематичната повреда на Стојанче Стоилов е потврдена.

Пикерот на Вардар и на македонската репрезентација беше во Загреб на дополнително тестирање кое што само ја установи првичната дијагноза.

Стоилов
има скинат лабрум во десното, шутерско рамо. Тоа е всушност ткиво кое е лежиште на рамото и мора да биде санирано за да може играчот да продолжи со нормално функционирање. Сепак една позитивна работа е тоа што кај Стоилов не е скинато докрај и постојат шанси, барем засега, да се залечи без оперативен зафат.

Затоа Стоилов ќе биде под трог лекарски надзор и под терапија во следните две недели, во кои ќе се набљудува како ќе се однесува неговото рамо. Желбата е засега да се избегне операција затоа што таа би го оддалечила пикерот од терените четири месеци, од што ќе страда и Вардар, но и македонската репрезентација.

Мораме да чекаме две недели, треба да прави терапија па потоа да реши лекарот што ќе правиме, потврди и Раул на денешната прес-конференција.

Вториот уште посериозен случај на црвено-црната болничка листа е Александр Деревен, за кого уште сега е установено дека сезоната е завршена.

Скинати се неговите предни вкрстени лигаменти и затоа мора да биде опериран. Тоа треба да се случи во ноември, по што би отсуствувал од тренинзи некаде до јуни.