Македонија

Можност за парно греење и за неприклучените згради во Хиподром и Триангла

Можност за парно греење и за неприклучените згради во Хиподром и Триангла

За оваа можност денеска разговараа градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски директорот на ЕЛЕМ Енергетика Марјан Милошевски и претседателите на  заедниците на станари од Хиподром и Триангла од зградите.

Општината и ЕЛЕМ  Енергетика ќе направат проектирање и довод на топлинската енергија до зградите и становите, со што во голема мера би  се подобрило затоплувањето на становите. Ваквиот начин на затоплување би влијаел на подобрување на еколошката  состојба во овие населени места, соопшти општина Гази Баба.