МПЦ и додели Орден за несебичен придонес на Прилепска Пивара на 90-то роденден

Македонската православна црква ја одликува Прилепска Пиварница со Орденот Свети Климент Охридски од Втор Ред.

Одличието на Претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски му го додели митрополитот Преспанско-пелагониски, Петар, во присуство на Архиепископот Г. Г. Стефан и Владиката Климент, секретар на Синодот. Церемонијата се одржа денеска во кругот на Прилепската пиварница.

Високото црковно одличие се доделува на Прилепска Пиварница поради нивниот несебичен придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион. Доделувањето на орденот се случува токму оваа година кога Прилепска пиварница слави 90 години од основањето.

МПЦ со највисоко одличие за 90 годишнината на Прилепска пиварница (1)

“Наградите не се добиваат, туку добитниците ги создаваат со своите дела. Слободно можам да кажам дека Прилеп покрај тоа што е град на мермерот, на тутунот, град првоборец, е и град на пивото. Им благодарам на Прилепска Пиварница за несебичниот придонес и им го честитам деведесетгодишниот јубилеј.“, изјави поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан.

МПЦ со највисоко одличие за 90 годишнината на Прилепска пиварница (2)

Претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски се заблагодари за големата чест и обврска укажана на семејството и на компанијата.

МПЦ со највисоко одличие за 90 годишнината на Прилепска пиварница (5)

„Орденот претставува големо признание за сѐ она за што се залагаме во Прилепска Пиварница. Ова е награда за вработените во Прилепската Пиварница, особено затоа што го добиваме во годината кога го славиме деведесеттиот роденден. Прилепска Пиварница и ние како семејство и натаму ќе продолжиме да ја помагаме Црквата во нејзината благородна цел“, рече Самарџиoски.

МПЦ со највисоко одличие за 90 годишнината на Прилепска пиварница (6)

Свети Климентовиот орден е највисокото црковно признание, а МПЦ го доделува на заслужни личности и институции веќе неколку години. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква одлуката за доделување на Орденот ја донесе наседницата одржана на 25 јуни 2014 година.