МПЦ-ОА: Да се зачува унитарноста на државата и уставната позиција на македонскиот јазик

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изразува голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество и повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност.

САС на МПЦ во соопштението од денешната седница, апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ согласно Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

– Сегашноста и идината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа нашиот верен народ треба да се раководи и од Евангелските христијански вредности, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ.

– МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други, независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство, истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.

Цени, како што стои во соопштението, дека на РМ и е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање на нечии права, туку за остарување на придобивките на сите граѓани кои живеат во државата.

Синодот на денешната седница разгледал повеќе актуелни прашања од црковниот живот во епархиите, воспитно-образовните инситуции и ја утврди програмата за одбележување 50 години од обновувањето на автокефалноста на МПЦ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.