Мрачните игри на СДСМ даде додатна мотивација за нови проекти

Опозицијата со своите мрачни сценарија успеа само да ни даде дополнителна мотивација за нови мерки и проекти во сите сегменти за решавање на проблмите на народот, порача премиерот Груевски од народниот собир во Тетово.

-Тоа е нашиот одговор, тоа ќе биде одговорот на Македонија, кратко и јасно – Ние можеме да работиме, да креираме, да создаваме, да помагаме на нашиот народ, и нема да дозволиме да не вовлечете во вашите сценарија! Тоа е нашата борба за Македонија! Тоа е како ние ќе одговориме, со работа, со многу работа, да ја оправдаме уште повеќе, големата поддршка која народот ни ја дава., рече Груевски.