Мрачните страни на хороскопските знаци

Сите ние имаме добри и лоши страни, а секоја од нив се појавува зависно од ситуацијата во која се наоѓаме. Еве кои се лошите страни на сите хороскопски знаци.

Овен

Мотото на Овенот е: „Сега, сега, сега!“ .  Тие се најимпулсивниот и најнетрпеливиот хороскопски знак во зодијакот. Ако некоја идеја не е нивна, тогаш не е ни важна. Овните знаат да бидат иритирачки незрели и детинести.

Бик

Посесивен и материјалист, понекогаш делува дека бикот никогаш нема да научи како да дели. Ако влезете во кавга со бик, тогаш нека ви е со среќа, тие се неописливо тврдоглави. Мрзелив и самопопустлив, тешко дека ќе го поместите од каучот кога еднаш ќе легне на него.

Близнаци

Близнаците имаат толку многу различни личности што никогаш не сте сигурни на што сте со нив. Кога разговарате со близнаци, не очекувајте дека ќе успеете да говорите долго, тие сакаат нивниот глас да се слушне. Поезија! Танц! Архитектура! Програмирање! Близнаците се интересираат за се се им е хоби, па така не стигнуваат да се посветат на ниту едно од нив како што треба.

Рак

Раковите се неверојатни карактери. Поради претпазливост и страв, на раковите понекогаш им се потребни и години за да се опуштат со некој. Раковите се толку осетливи што и најмалите ситници може да ги навредат.

Лав

Лавот никогаш не се сретнал со огледало, а да не се вљуби во него. Чувајте се од шармот на лавот, ако нешто сакаат од вас, тогаш сигурно и ќе го добијат. Потребата на лавот секогаш да биде во центарот на вниманието може да биде проблематична. Тој верува дека светот се врти околу него.

Девица

Бидете внимателни додека сте во друштво на девиците – никогаш незнаете за што би можеле да почнат да ве осудуваат. Девиците се перфекционисти кои внимаваат на секоја детал – нема ни да ве слушнат што зборувате, ако некоја слика на ѕидот ги „гледа“ накривено. Тие се големи песимисти и понекогаш се однесуваат како светот да се руши ако се чувствуваат и сосема малку потиштени.

 

Вага

Се обидувате се да се договорите со вагата за да се најдете низ град? Ќе се начекате, затоа што нејзе и е потребно многу време за да ги разгледа сите опции. Вагите ќе ги занемарат своите сопствени ставови за да можат сите да ги усреќат и да го зачуваат мирот. Вагите се толку фасцинирани од убавината што поминаваат часови средувајќи се и дотерувајќи се само за да изгледаат преубаво.

Скорпија

Немојте да ја предизвикувате Скорпијата. Не само што тоа нема да ви го заборави, туку од животот ќе ви направи пекол. Моќта за манипулација на скорпијата е толку голема, што таа може сосема лесно да си игра со вашето ментално здравје. Скорпиите не се нерасположени – тие се константно преокупирани со црни мисли и често се очајни.

Стрелец

Стрелците се искрени и отворени до таа мера што понекогаш стануваат нетактични и навредливи. Тие „знаат се и за секого“. Ако не се работи за нешто ново и возбудливо, тогаш на стрелецот тоа најверојатно ќе му биде здодевно.

Јарец

Јарците толку сакаат се да држат под контрола што за нив е речиси да допуштат нештата да течат по природен тек. Јарецот воопшто не се премислува ако сака да искористи некого за да извлече некоја корист. Јарецот се храни со негативност – брзото говорење за нивниот лош ден лесно може да се претвори во приказна за сето она што некогаш тргнало на лошо во нивниот живот.

Водолија

Водолиите за себе сметаат дека се објективни и логични, па поради тоа често доаѓаат до заклучок без многу размислувања. Тие толку многу живеат во својата глава што понекогаш делуваат отсутно и премогу формално. Секогаш се подготвени да ви дадат совет, иако најчесто и не ве разбираат што точно говорите.

Риби

Поради својот став „нека биде што ќе биде“, рибите често незнаат ниту каде точно тргнале. Главата им е во облаци и најчесто делуваат дистанцирано, па често не ги приметуваат потребите на другите. Рибите се исклучително наивни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.