Мрачните тајни на Лејди Ди откриени во нова книга

Наскоро во јавноста ќе излезе нова книга на британскиот кралски биограф со шоканстни детали од детството на принцот Хари.

Книгата фрла ново светло на случувањата во Бакингемската палата, а на прв поглед многу е наклонета кон кралската фамилија и принцот Чарлс.

Принцовите Хари и Вилијам имале по шест и осум години кога нивните родители лејди Дајана и принцот Чарлс објавиле дека ќе се разведат. Меѓутоа, скандалите кои нивните родители ги правеле и ден денес го потресуваат Островот, но и целиот свет, се наведува во новата книга на авторката Пени Џуниор.

После разводот, принцот Чарлс им забранил на вработените во дворецот да зборуваат лошо за неговата поранешна сопруга, бидејќи таа секогаш ќе биде мајката на неговите деца, наведува авторката во книгата.

Сепак, Дајана гледала завера насекаде околу неа. Во своите напади на параноја била отровна и кон луѓето кои и биле многу блиски, вклучувајќи го и нејзиниот приватен секретар Патрик Џефсон.

Дури и Камила трпела ментално малтретирае од Лејди Ди. Не еднаш, Дајана и се јавувала на Камила доцна навечер велејќи и’:

„Пратив некој да те убие. Надвор е. Погледни низ прозорец, стои во дворот“, и’ се заканувала Дајана.

kamila

Авторката понатаму пишува дека принцовите Вилијам и Хари  кои посетувале приватни училишта, за да се заштитат од медиумите и скандалозните наслови, што всушност било невозможно, живееле  фактички во затвор.

Хари секогаш бил многу поврзан со својата мајка. Кога на првото самостојно летување ја повредил ногата, очевидци велат дека бил во агонија и неутешно плачел. Без татко, мајка, па дури и дадилка покрај себе, му се доближил еден полицаец и му рекол:

„Хари, прибери се, немој да цимолиш. Тоа е само гребнатинка“, рекол полицаецот.

Овој инцидент е небаре безначаен, но во полно светло објаснува една несреќна и трагична фамилија во која израснале принцовите. Тие кои добро го познаваат Хари велат дека е добра работа што тој никогаш не бил претендент за престолот, бидејќи едноставно би бил очаен крал.

Многу емотивна, Дајана очекувала од малиот Хари да и’ даде емотивен баланс, додека од друга страна, таа никогаш не била тука за него.

hari